Најчесто поставувани прашања
Зошто ЕМС тренингот е поефикасен од обичниот?
ЕМС се однесува на електро – стимулација на мускулите. Оваа иновативна технологија за време на тренингот вклучува работење на целото тело. Зголемениот проток на крвта позитивно влијае на кожата, телото е тонизирано, а целулитот ефикасно може да се намали. По тренингот присутно е чуството на опуштеност и освеженост. Innline тренингот исто така ги подобрува физичките перформанси – движењата се пофлексибилни, елиминиран е заморот, а здравјето е општо подобрено. Во споредба со класичниот тренинг, ЕМС тренинзите нудат поинтензивно вежбање за многу покусо време. Сите цели на клиентите можат да бидат исполнети – од слабеење, па се до затегнување на телото, губење на целулитот, враќање на формата, добивање на сила, зголемување на спортските перформанси и опоравување после повреди.
Кој се може да тренира?
ЕМС тренингот прилагоден е кон сите кои вежбаат без разлика на полот или моменталната физичка форма. Без разлика дали сакате да ослабете, да го затегнете телото, да го изгубите целулитот или да стекнете кондиција.

*Innline тренингот не се препорачува за лица помлади од 18 години, бремени лица и лица кои имаат определени здравствени проблеми. Списокот на сите контраиндикации клиентите можат да го добијат контактирајќи го студиото или кога ќе дојдат на прв тренинг.
Кои се најчестите клиенти на Innline студиото?
Клиентите кои го посетуваат Innline студиото се деловни луѓе кои немаат доволно време редовно да одат на обичен тренинг или сакаат да го избегнат метежот. Тие сакаат нешто подобро, револуционерно и за тоа се подготвени да платат. Innline им обезбедува се што им е потребно – ефикасен тренинг од само 20 минути кај кој има видливи резултати за кусо време, во термин кога ним им одговара.

Спортистите, светските звезди, докторите, професорите – тоа се само некои од клиентите кои го препознале бенифитот од ЕМС тренингот.
Дали ЕМС тренингот е опасен?
ЕМС уредот користи електрични стимулации со ниска фрекфенција која е апсолутно безбедна. Нашите мускули работат во секој момент. За време на работата на мускулите малите електрични импулси иницираат движења. За време на тренингот со ЕМС уредите овие импулси се поддржани со електрична стимулација правејќи мускулите да реагираат поинтензивно.
Дали тренирањето со електро-стимулација е опасно?
За да отворите Innline студио потребно Ви е да имате некој од ЕМС уредите (EMS Innline PRO или EMS Innline PT). Исто така, потребно е да обезбедите одела за вежбање и дополнителни реквизити по желба, како тегови или топки за пилатес. Почетното вложување во бизнисот е 12.000 евра. Иако звучи многу, ова вложување навистина е исплатливо. 
Тренинзите ги одржуваат обучени ЕМС тренери, но исто така можете и вие. Студиото можете да го отворите со помал простор (барем 25 метри квадратни) и за почеток со еден уред кој нуди персонални тренинзи. Ако се одлучите за EMS Innline PRO уредот ќе ви се пружи можност да тренирате повеќе клиенти истовремено со поголема заработка. Секој ЕМС уред има повеќе програми за тренинг, па на клиентите можете да им понудите се – од кардио, тренинг за телото, па се до масажа за опуштање.
За колкав период ќе ми се вратат вложените средства?
За време на отворање на Innline студио ве очекува иницијално вложување во купување или изнајмување на ЕМС уред и средување на просторот во кој ќе се одржуваат тренинзите.
Доколку се одлучите за EMS Innline PRO уредот ќе бидете во можност да тренирате повеќе клиенти истовремено и со самото тоа повеќе да заработите. Сите Innline студија способни се иницијалната инвестиција да ја повратат за помалку од година дена. Во пракса се покажало дека на голем број сопственици оваа цел им успеала за 6 месеци. Вашиот ентузијазам и желбата да напредува бизнисот можат да бидат клучни во постигнувањето на успехот.
Колку чини Innline тренингот?
Месечната чланарина во Innline студиото за тренинг два пати неделно изнесува во просек 100 евра. Цената се одредува за секое студио одделно во зависност од големината на градот, платежната моќ и слични фактори. Оваа чланарина е во рангот на класичниот персонален тренинг со тоа што со Innline тренингот за само 20 минути резултатите се постигнуваат побрзо. Клиентите кои сакаат премиум искуство на тренирање подготвени се да одвојат пари, паметно да вложат во себе и да ги искористат сите погодности кои Innline тренингот им ги нуди. Преку 1000 клиенти им искажале доверва на Innline студијата ширум регионот, а нивниот број костантно расте.
Како да стекнам лиценца за тренер за Innline ЕМС тренинзи?
Тренерите и нивната работа со клиентите се важен дел од успехот на Innline. Во соработка со EMS Trainer institute, се организираат курсви и сертификати за ЕМС тренери за сите нивоа. Тренерите не само што ги учат основите и употребата на ЕМС уредите туку и учат да ги надгледуваат и мотивираат клиентите на вистински начин и да работат по насоки и правила за максимални резултати и сигурност.

Maxifitm покрај организирање на едукација и сертификација за тренерите, редовно организира и работилници и едукации за нутриционизмот, здравиот живот, водењето на бизнисот и маркетингот.
Која е главната разлика меѓу ЕМС уредите EMS Innline PRO и EMS Innline PT?
Двата достапни уреди се последен и најсовремен тренд во светот на фитнесот.

Кога имате EMS Innline PRO во своето студио бирате колку клиенти ќе тренирате. Со еден
EMS Innline PRO уред ќе бидете во можност да тренирате и до 6 клиенти истовремено. Личен тренинг, безжичен гупен тренинг, затворен или тренинг на отворено – EMS Innline PRO е единствен ЕМС уред способен да ги спроведе сите замислени тренинзи.

Од друга страна EMS Innline PT уредот има можност за тренирање на 1 до 2 лица истовремено.
Дали за сите уреди се обезбедени гаранции и сервис?
Maxifitm за сите уреди обезбедува до 2 години гаранција. Потребната поправка ќе се изврши во определе рок, а за тоа време ќе се обезбеди заменски уред за да и после дефектот можете да продолжите со закажаните тренинзи.

Само ЕМС уредите и опремата купени кај Maxifitm дистрибутерите имаат гаранција!