Во што вреди да се инвестира во Македонија?

Започнувањето на приватен бизнис е најдобра одлука доколку сакате да бидете успешни. Тоа секој го знае. Она што сепак, не го знае секој е одговорот на прашањето – во што вреди да се инвестира во Македонија? Постојат бизниси кои ќе бидат секогаш во мода, но и оние што штотуку доаѓаат и кои треба навреме да се започнат. Можности секогаш има, а од вашиот избор зависи дали ќе успеете.

Одделни бизниси бараат многу годишна припрема и големи вложувања, а со нив доаѓа и голем стрес. Постојат бизниси кои гарантираат голема заработувачка, но за нив мора да поседувате големи знаења од информатичката технологија.

Сепак, некогаш е доволно да препознете добра ситуација и паметно да вложите. Идеално е да започнете бизнис кој не бара големи вложувања, а гарантира не само поврат на инвестицијата туку и заработка. За сите таквиот бизнис претставува „Сврт грал“, па можат да си мислат дека такво нешто не постои.

Ако не сте подготвени да вложувате во земјоделство, туку се фокусирате на бизниси во градска средина, постојат можности кои претставуваат добар избор. Бидејќи навистина не е лесно да одлучите каде да ги вложите своите пари, Ви претставуваме некои од најпопуларните опции. Вам ви останува да направите најдобар избор за себе земајќи го во предвид тоа со колкав буџет располагате.


1. Кафе бар

Можеби и најпопуларна опција за вложување на пари е отворање на кафе бар. За ова, обично се одлучуваат поранешни спортисти кои сакаат да ги вложат парите во некој бизнис. Освен тоа што е солидна бизнис одлука, кафе барот или ресторанот нудат можност да оставите свој печат и да создадете место каде ќе поминувате многу време. Сепак, многумина грешат кога мислат дека е доволно само да се вложат пари во добар ентериер.

Управувањето со кафе бар е работа која одзема многу време и бара комплетна посветеност. Тука треба да се додаде и големиот ризик кој го носи оваа работа, бидејќи да бидеме искрени, вашиот кафе бар нема да биде ни прв ни последен кој ќе биде отворен. Добивката може да биде голема, но загубата уште поголема.


2. Fast food

Брзата храна е во голема експанзија поради забрзаниот начин на живот, па затоа многумина ја препознале како одлична бизнис можност. Вработените во бизнис квартовите секојдневно нарачуваат храна, а тие што се добро позиционирани можат да сметаат на верни муштерии. За вложувањето во овој бизнис многу е важна локацијата, гаранцијата на квалитетот на храната како и силен маркетинг.

Иако брзата храна се чини како добар бизнис каде треба мали вложувања, вистината е дека многумина го помислиле истото. Ако ги погледнете најпопуларните локации за брза храна ќе видите огромна конкуренција над која ќе треба да се издигнете. Затоа треба да се посветите на промоцијата на производите за да стекнете репутација која е и најважна.


3. Игротека

Родителите секогаш сакаат на своето дете да му овозможат се. Затоа добра е идејата да вложите во игротека која на најмалите ќе им овозможи квалитетна забава. И додека децата и родителите се многу благодарни муштерии, почетната инвестиција е прилично голема.

Покрај големиот простор, набавка на квалитетни направи, неопходно е да вработите и сертифицирани, професионални лица. Честопати е исклучително тешко да се најдат адекватни кадри со оглед на одговорноста која ја бара позицијата. Како и кај другите опции и тука е многу важно да се истакнете во однос на големата конкуренција.


4. Innline студио

Забрзаниот начин на живот, вишокот на стрес и неквалитетната исхрана прават многумина да го запуштат своето тело и здравје. Сепак, за да некој се занимава со себе, потребно е да одвои време и да се посвети на физичка активност. И додека некои се одлучуваат за спорт, други пак се свртуваат кон фитнесот и теретаната.

Она што е заедничко за многумина – е дека брзо се откажуваат. Главната причина не е недостатокот на желбата, како што многумина би помислиле, туку она на што најмалку можеме да вијаеме – тоа е времето. Токму сега помислете си како би било некому да му понудите и ефикасно вежбање и заштеда на време.

Тоа навистина би бил одличен деловен потег, нели? Innline студиото ја претставува токму оваа добитна комбинација бидејќи тренингот со помош на модерната опрема трае само 20 минути. Иако звучи неможно, за тоа време телото постигнува повеќе отколку со часови поминати во теретана.

Дополнителен бонус е тоа што многу лесно можете да дојдете до опрема и поддршка во уредување на студиото. Доволно е за почеток, само да се одлучите за овој бизнис. Еден од главните предизвици може да биде преголемиот број на барања за тренинг, но тоа сигурно е „проблем“ кој секој би сакал да го има.


5. Авто перална

Доколку сте љубител на автомобилите, сигурно знаете колку на многумина им е важна грижата за автомобилите. Пералните не се само места каде се мијат автомобилите, туку и сервис каде се грижат за секој детал. Додека некогаш било доволно да имате гаража и неколку четки, сега е неможно да започнете бизнис без дополнителни услуги како што се длабинско перење, извлекување на непријатни миризби, чистење на клима уред и сл.

Оние кои успеваат да ја наметнат својата услуга можат да рачунаат на одлична заработувачка. Секако, под услов да имаат професионални работници кои си ја знаат работата, но и поседуваат друштвени вештини како би стекнале доверба кај клиентите. Ако сте подготвени да вложите во простор и опрема ќе имате голема шанса за успех.


6. Грижа за домашни миленичиња

Покрај за децата, луѓето трошат најмногу пари и на миленичињата. Доколку имате оригинална идеја, квалитетната грижа за мачињата и кучињата може да донесе фантастична заработка. Постојат многу интересни идеи кои можат да се реализираат, од агенција за шетање кучиња преку фризерите, па се до отворање на пансион за домашни миленичиња. Во овој случај почетната инвестиција не мора да биде голема доколку поседувате вештини кои веднаш можете да ги примените.

Добро е и тоа што за некј бизнис не е потребен и некој посебен деловен простор. Оноа што е секако примарно е секако вложување во промоции, пред се онлајн, за да се прочуе вашиот бизнис. За некои амбициозни идеи потребни се и дополнителни дозволи како и присуство на стручни лица за да се избегнат проблемите.


7. Агенција за интернет маркетинг

Бизнисот на 21-виот век тесно е врзан со интернетот. Место физички вложувања, за онлајн бизнисот доволно е вложување во компјутер и интернет. За да имате добра почетна позиција потребно е да ги соберете стручни лица кои ќе ги покријат сите најважни области на онлајн маркетингот.

За почеток доволно е да имате copywriter, веб дизајнер и account manager. Јасно е дека во овој случај најмногу се вложува во стручноста и имиџот на компанијата бидејќи поинаку не може да се стекнат клиенти. Станува збор за многу модерен бизнис проект кој е всушност ризичен доколку уште на почетокот немате листа на доверливи клиенти.


Дали вреди да се вложи во здравје и фитнес?

Клиентите кои бараат врвни резултати подготвени се да издвојат значителна сума на пари за личен тренер и посебен режим на вежбање. Сепак и покрај големата желба поради обврските и недостатокот на времето брзо се откажуваат.

Поради тоа Innline понудата е одлична опција бидејќ им го нуди на клиентите она што никој не може – време и ефикасност. Добра работа е тоа што можете во склад со своите почетни очекувања да изберета пакет.

За почеток тука е Start-Up пакетот кој овозможува брзо подигање на бизнисот со комплетна поддршка од опрема, обуки, но и дирекна помош при промоцијата на бизнисот. Навистина, неверојатен е податокот дека компанијата која изнајмува опрема, помага во маркетиншките активности и пронаоѓањето на клиентите.

Откако ќе го уредите студиото и понатаму ќе имате поддршка бидејќи ќе станете дел од семејството Innline студија ширум светот. Користејќи ги поранешните успешни искуства и совети, почетниот период на уходување е исклучително безболен. На крајот ви останува само да се одлучите за вистинскиот пристап кон бизнисот и да подготвите свечено отворање.

Поврзани вести