8 начини точно да ги правите вежбите за нозе

Многумина почнуваат да вежбаат со идеалот како би изгледале, а за тоа се клучни вежбите за нозе. Интересно е како многумина тоа не го сфаќаат со изговор дека не сакаат да „претеруваат“. Вистина е дека нозете можеби се клучни кога е во прашање вежбањето во теретана. Меѓутоа, многумина ги запоставуваат, фокусирајќи се на група на мускули како што се стомачните и бицепсите.

Постои уште една причина зошто многумина ги запоставуваат нозете. Немаат време. Кога времето е драгоцено, тогаш честопати се размислува само краткорочно. Ова е грешка која ја прават многумина желни за резултати – кои никако да дојдат. Колку побрзо сфатите дека нозете се клучни кон вашиот пат до совршен изглед толку побрзо ќе почнете правилно да тренирате.

Исклучително е важно да научите како правилно се прават вежбите за нозе. Секако, за тоа да го направите потребно е да му пристапите на тренингот на правилен начин. Со вистинскиот пристап, нозете ќе го добијат посакуваниот изглед кој ги следи останатите важни делови од телото.

Ви претставуваме 8 начин правилно да ги правите вежбите за нозе. Започнете да вежбите уште денес!


1. Загревање

Пред да почнете со тренингот потребно е да се загреете. Можеби звучи неверојатно, но овој неопходен дел од секој тренинг е најпроблематичен за многумина. Бидејќи секогаш ни недостасува време, загревањето на мускулите пред тренингот ни се чини како губење на драгоцено време. Сепак многу е важно пред тренинг да се раздвижат сите групи на мускули. За среќа, загревањето со Innline е многу брзо.


2. Чучњеви

Кога се во прашање вежбите за нозе сите видиви на чучњеви се во игра. Еден од главните предности на чучњевите е универзалноста, но и леснотијата на изведување. За овие видови на вежби не ви се потребни машини од теретана, ниту совршене кондиција. Поради тоа чучњевите се основа за секој тренинг за нозе, а покрај тоа активираат и многу други групи на мускули. Како и кај секоја врста на вежби, важно е како да се изведуваат чучњевите. Запаметете ги неколкуте основни правила и ќе бидете на вистинскиот пат. Застанете така да нозете ви бидат раширени малку повеќе од рамената и поместувајте ги наназад.

Се подразбира дека грбот мора да го држите право, така како да сакате да подигнете тешка кутија. Рацете треба да ги испружите, пред се да имате добар баланс во текот на вежбањето. За да максимално ефикасно ги изведувате чучњевите, задникот истурете го што е можно повеќе така да грбот и понатаму биде рамен. Стапалата се секогаш на земја, а пред се петите. Во зависност од пристапот на тренингот се прават во серија од 10 (или повеќе) повторувања или со временско ограничување (на пр. на 2 минути по серија). Пробајте вежбите да ги изведувате полека без брзање.


3. Вежби за листови

Поврзани вести