Што претставува ЕМС тренингот?
ЕМС претставува предизвикување контракции на мускулите со помош на електрични импулси.
ЕМС тренингот ги стимулира најважните мускулни групи и помага во развивањето на врските за движење на мускулите. Со испраќањето на електричните импулси дирекно до моторичките нерви се активираат сите мускули. Интензивното ниво на тренингот подржано е од самиот почеток, а тоа влијае на забрзаното создавање на мускулни влакна. Поголемата активност бара и повеќе енергија која предизвикува „топење“ на калории дури кога и се одморате. ЕМС тренингот има улога во јакнење на мускулите, губење килограми, создавање кондиија и општо подобрување на здравјето.
ЕМС или електро-мускулната стимулација со децении се користи во медицината, а сега ја користиме и во фитнесот за да постигнеме резултати на најефикасен начин.
Ова е вистински момент на 21-от век!

Само 20 минути за максимални резултати

ЕМС тренингот со помош на електро импулси го стимулитра телото на сличен начин како и природните стимулации. Innline оделото кое се регулира, овозможува интензивен тренинг кој менува околу 90 минутен класичен тренинг. Да, со помош на ЕМС за само 20 минути вежбање се добиваат резултати за кои некогаш биле потребни многу часови.

ЕМС тренингот на целото тело, комбиниран со кардио сесии помага во согорувањето на маснотиите, го намалува целулитот и ја тонира кожаа.

ЕМС тренингот не предизвикува дополнителен притисок на зглобовите и може да помогне при опоравување од повреди.

Едноставен, безбеден и професионален тренинг.

Дознајте повеќе за ЕМС уредите

Innline ЕМС уредот за професионален тренинг се карактеризира со современ дизајн, европско производство и едноставни карактеристики кои Innline тренингот го прават исклучително ефикасен. Комбинацијата на напредна технологија на стимулација, удобноста и сигурноста допринесуваат до успешен тренинг и брзи резултати. Откријте зошто Innline уредите се посебни.
ЗА INNLINE

Нов начин на вежбање

Innline има мисија да стане најзастапен персонален тренинг.

Поддржан со напредна технологија за стимулација на мускулите и ефикасноста на тренингот кој дава резултати, Innline брзо се позиционираше на врвот на светот на фитнесот.

Innline – професионално искуство на тренирање кое оди чекор пред традиционалниот тренинг.

Зошто Innline ЕМС уредите се посебни?

Innline ЕМС уредите дизајнирани се како средства кои поддржуваат професионални индивидуални тренинзи. Тие се издржливи, квалитетни и едноставни за употреба. Innline уредите дизајнирани се ергономски за да се вклопат во секој простор.

Со помош на виртуален тренер можат да се креираат, да се сочуваат и подесат индивидуални програми за секое лице кое вежба на ЕМС уредот. Тренирањето на клиентите е можно и дома и во студио или на отворено.
 

Зошто клиентите го одбираат INNLINE тренингот?

Спорт & Сила
Најзначајна карактеристика на Innline тренингот е тоа што допринесува до јакнење на мускулите и развој на телото. Креиран како core тренинг допринесува за телесна ефикасност која е особено значајна кај професионалните спортисти.
Убавина & Изглед
Со помош на Innline тренингот се доаѓа до одлични резултати при губењето на вишок килограми и масни наслаги. Обликувањето на струкот, задникот и губењето на целулитот се причина зошто дамите го одбраа Innline.
Здравје & Рехабилитација
Innline се покажа многу ефикасен при отстранување на болки во грбот и зглобовите. Мускулната стимулација исто така ги зајакнува кардиоваскуларниот систем и циркулацијата. Innline е погоден за стари, млади и оние кои порано никогаш не вежбале.

Светски успешен бизнис модел

Уште од своето создавање, Innline го следи континуиран годишен пораст. Денес Innline претставува глобален играч во светот на фитнесот и проверен бизнис модел со неколку стотини отворени студија.

Без разлика каде се наоѓате, имате отворена можност да го отворите своето Innline студио или да станете личен Innline тренер.

Но не го добивате само ЕМС уредот, туку и целата потребна поддршка – маркетинг, обука за тренер и друго. Вам Ви останува само да се фокусирате на растот и унапредувањето на своето Innline студио.


Сакате ли да дознаете повеќе за Innline уредите? Контактирајте не, а ние ќе Ви одговориме на Вашите прашања и ќе Ви дадеме персонализиран одговор за деловен модел.
Maxifitm е званичен дистрибутер на Innline уредите и опремата. На сопствениците на студијата им обезбедува ЕМС уреди, маркетиншки материјали и деловни совети за да можат да го направат своето студио поуспешно и попродуктивно.

Гаранција и сервис за уредите

Само ЕМС уредите и опремата купени од Maxifitm дистрибутерите подлежат на гаранција!

Maxifitm за сите уреди обезбедува до 2 години гаранција. Пододелата и батериите – не подлежат на гаранција. Потребната поправка ќе се изврши во најбрз можен рок. 

Употребата на не оригинални продукти доведува до губење на гаранцијата.
Maxifitm не е одговорен за било каква штета за време на транспортот. 
Можнте оштетувања се на товар на испраќачот.

Комплетна поддршка за бизнисот

Целта на Maxifitm е да го поддржи вашиот бизнис. Затоа не само што продаваме опрема, туки и даваме потполна поддршка за работење и имплементација.

Сакате да научите како на најдобар и најповолен начин да привлечете клиенти во своето студио? Maxifitm Ви нуди можност за едукација на тема маркетинг со фокус на привлекување на клиенти преку друштвените мрежи.

На располагање Ви се најновите маркетиншки материјали како што се фотографии, видеа и др. работи кои Ви помагаат во развојот на вашата работа.

Едукација И ОБУУКИ

 
Тренерите и нивната работа со клиентите се важен дел за успехот на Innline. Се организираат курсеви и сертификација за ЕМС тренери за сите нивоа. Тренерите не ги учат само основите и употребата на ЕМС уредот, туку и да го надгледуваат и мотивираат клиентот на вистински начин и да работат на усмерување и правила за максимални резултати и сигурност.

Innline тренерите мора да бидат добро упатени во нутриционизмот за да на своите клиенти им дадат најдобри можни совети за исхраната. Со нутриционистичката едукација ќе дознаете како да подготвите план за исхрана за сите цели на клиентите.
Купете ЕМС INNLINE уред

Сакате со купување уреди за персонален тренинг да започнете нов бизнис отворајќи Innline студио? Контактирајте не за деловна понуда.